Во Лагадин одбележан верскиот празник Вера, Нада, Љуба и нивната мајка, великомаченица Софија
Голем број верници денес се собраа во Лагадин за да го одбележат верскиот празник Вера, Нада, Љуба и нивната мајка, великомаченица Софија.
Со молитва и свеќа верниците се молат за здравје, љубов и благосостојба во малата црквичка изградена на езерскиот брег во 2000 година.
Со служење на света литургија и кршење на погача денес во елитната туристичка населба Лагадин беше одбележан празникот посветен на Вера, Нада, Љуба и мајката, великомаченица Софија. Голем број верници традиционално се собраа во малата црквичка на езерскиот брег и го одбележаа овој христијански празник. Тие со свеќа и молитва си посакаа здравје, љубов и благосостојба.
Прославата на овој верски празник во Лагадин започна пред 17 години на иницијатива на познатиот угостител Љупчо Патче. По повод 2.000 години од христијанството, Патче како ктитор, ја изгради малата црква на самиот брег на Охридското езеро.
Традиционално собраните пари од верниците, и оваа година ктиторот ќе ги донира во хумани цели.