Skip to main content

ЦЈЗ

Во летниот период Центарот за јавно здравје ќе работи секој работен ден од 06:30 до 15:00 часот

Центар за јавно здравје Охрид става на располагање мобилни тимови кои ги земаат соодветните материјали за микробиолошка анализа и ги извршуваат потребните административни формалности, а по завршување на анализата, ги доставуваат соодветните наоди/резултати.
 |  инфодеск  | 

Од Центарот за јавно здравје информираат дека почнувајќи од денес, 01.07.2024 г. па се до 31.08.2024 г. микробиолошките услуги и услугите за здравствено хигиенски прегледи (санитарни книшки) ќе бидат достапни секој работен ден од 6:30 ч. до 15:00 ч. Во сабота, центарот ќе работи од 8 до 12 часот.

-Дозволете да Ве потсетиме дека, со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во летниот период, за сите ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, Центар за јавно здравје Охрид става на располагање мобилни тимови подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа и ги извршат потребните административни формалности, а по завршување на анализата, да Ви ги достават соодветните наоди/резултати. Доволно е да поседувате уредно издаден упат од вашиот матичен лекар и да се јавите на еден од нашите телефони 078 488-255 или 078 488-262, секој работен ден, најдоцна до 13:00 ч., каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши, согласно упатот од матичен лекар, велат од Центарот за Јавно Здравје.