ЈП Охридски Комуналец
Во летниот период комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот наутро
Согласно програмата за работа за оперативната 2024 год., Ј.П.„Охридски Комуналец” во летниот период комуналниот отпад ќе го подига од 6 часот наутро.

ЈП Охридски Комуналец ги информира граѓаните дека во летниот период, почнувајќи од месец јуни, собирањето, транспорт и депонирање на комуналниот отпад ќе го реализира од 06:00 часот.
Овие активности се превземаат заради зголемениот обем на работа и потребите кои се наметнати во летниот период, посочуваат од претпријатието.




