Skip to main content

Во малопродажба почна купувањето со Домашната платежна картичка

Со картичките се купуваат домашни производи во висина од 9000 и 3000 денари во зависност од пропишаните  услови кои ги исполениле  граѓаните. Во трговија на мало произоводите се обележени, а се означени и касите каде што се врши наплатата за производите. 

 |  Валентина Неловска  | 

Во маркетите и продавниците на мало почнаа да се користат платежните картички од владината мерка за олеснување на корона кризата. Маркетите од брендот МИСА веќе го прилагодија изложувањето на артиклите од домашно производство за полесно пазарување на корисниците на овие картички. Во употреба картичките „Купувам домашно“ се пуштени веќе една недела информира Александра Ничоска, од маркетот Миса Охрид.

„Имаме на сите сталажи одредени производи обележени се со македонско знаменце, купувај домашно. Има се од сувомеснато, прозиводи од месарата, готова храна. Не е дозовлено да се купува само алкохол и цигари, друго може да се купува се“, кажува Ничоска.

Купувачите се задоволни имаме голем асортиман на производи од македонски фирми, напоменува Ничоска за досегашниот тек на користење на Домашната платежна картичка. Маркетот ја организирал и наплатата, за купувањето да тече без застој.

„Имаме одредена каса само за купувачите со картичката Купувај домашно за да не се прави гужва, одредена е таа каса. Купувачите се задоволни и со тоа исто“.

Со проектот Купувај домашно владата издвои 28 милиони евра за потрошувачки картички за граѓаните со ниски приходи, невработените, средношколци над 16 години и студенти како и здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД 19. Целта е и да се поттикне потрошувачката на домашни производи и услуги и да се ревитализира македонската економија. Домашната платежна картичка може да ја користат 324.479 корисници.