Skip to main content

Државен завод за статистика

Во март Општина Струга издала 67 одобренија за градба, а Охрид 12

Во март годинава најмногу одобренија за градба се издадени од општините од Југозападниот плански регион, дури 106.
 |  инфодеск  |  ,
одобренија за градба

Во март годинава најмногу одобренија за градба се издадени од општините од Југозападниот плански регион, дури 106.
Најголем број одобренија за градба се издадени во Општина Струга, 67 одобренија, од кои за 56 објекти инвеститор е физичко лице, а 11 ќе градат правни субјекти. Општина Охрид во март издала 12 одобренија од кои 3 на физички лица, а 9 на правни субјекти.

Општина Вевчани издала само 3 одобренија за градба, а Дебрца ниту едно.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2023 година на ниво на државата се издадени 415 одобренија за градење, што е за 11.3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 се наменети за објекти од високоградба, 108 за објекти од нискоградба и 87 за реконструкција. Во извештајниот период е предвидена изградба на 478 станови.