Во месец август во Охрид имало помал број на пожари од лани
Во месец август во Охрид имало помал број на пожари од лани.
Во месец август охридските пожарникари имале 17 интервенции. Се гаселе пожари на објекти, хотели, магацин, стрништа. Се интервенирало при 2 сообраќајни несреќи, имале 16 достави на техничка вода, 2 отклучувања на објекти и 3 обезбедувања на концерти и манифестации. Шест интервенции биле на запалени објекти, а останатите биле на гасења на пожари на отворено. Пожарникарите имале 5 интервенции на гасење на запален контејнер и на локализирање пожари во атарите на селата Лескоец, Волино, Лакочереј и Оровник. Исто така, пожарникарите интервенирале и на гасење на 5 запалени возила и на еден скутер. Споредените податоци, годинава со минатата година, во летните месеци кои се најкритични за појава на пожари, покажуваат помал број на интервенции ова лето, велат од ТПЕ.
„За разлика од јули, по кој ја сметаме сезоната, август и септември , има најмалку интервенции на отворен простор Гледаме дека е намлен бројот на интрвенциите во 7 месец. Мината година сме имале 23 интервенции на отворено, а во јули 2016 , имало 11 интервенции. Тоа се должи на поволните временски услови годинава. Во август сме имале само 17 интервенции , на отворено 5, а во август 2015, 12 интервенции од кои 3 во општина Дебрца“, информира заменик командирот на ТПЕ Горан Маркоски.
И понатака критичен дел од градот за пристап на пожарникарните возила е Стриот дел. Непрописно паркираните возила се пречка специјалните возила да интервенираат брзо и ефикасно.
„Доколку има потреба, досега во летниот период не сме интревенирале во Стар град, но тоа ќе е тешко ако треба.Да се преземат мерки од надлежните органи да се регулира паркирањето на возилата за да може да се дојде до лице место со противпожарното возило“, подвлекува Маркоски.
Во овој период до охридските пожарникари имало две добронамерни дојави кои се покажале дека се безопасни. Додека , пак, лажните дојави се скоро сведени на минимум, информираат од охридската пожарна. Со телефонските оператори е постигнат договор повиците до протипожарната служба со скриен број автомаски да бидат исклучувани, кажува заменик командирот на ТПЕ , Горан Маркоски.