Skip to main content

Во музичкото школо за индивидуалната настава ќе има физичко присуство на ученици


Во ОМУ „Методи Патче“ индивидуалната настава  од 2 до 9 одделение ќе се одвива со физичко присуство. Теоретските предмети ќе се учат он лaјн од 1 до 9 одделение. Интересот за упис во основното музичко школо за прво одделение бил голем. Родителите за музичката едукација на децата издвојуваат по 2000 денари годишно, средства кои се користат строго наменски за набавка на школски инструменти, велат од ОМУ „Методи Патче“.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Во основното музичко училиште Методи Патче настава ќе посетуваат 325 ученици во учебната 2020 -2021 година. Имавме голем интерес за упис на нови ученици и запишавме 53 ученици во прво одделение, информира директорката Емилија Маринова. Музичкото училиште доби согласност за изведување на индивидулната настава со физичко присуство за учениците од 2 до 9 одделение, а за теоретските предмети предавањата ќе бидат он лајн од 1 до 9 одделение, напоменува Маринова.

„Запазени се сите протоколи со индивидуалната настава и немаме реални проблеми. Професорите работаат со по еден ученик. После секој ученик има пауза од 10 минути, време за да се дезинфицираат и проветрат  училниците“.


Родителите годишно издвојуваат по 2000 денари партиципација. Тоа се средства кои се користат строго наменски за набавка на школски инструменти, кажува Маринова. До одредена возраст на децата им се даваат да се користат школските инструменти, а учениците може да вежбаат секој ден на школските клавири. На тој начин во првите 2-3 години родителите не мора да инвестираат во инструменти, кажува директорката на музичкото училиште.

Музичките школи на ниво на цела Македонија, тоа е уште од пред триесетина години, имаат донесено одлука да се наплаќа по 1000 ден од полугодие, значи 2000 денари годишно. Тоа е строго наменски денар кој се користи за учениците и за набавка и одржување на инструментите. Со тие средства се подновуваме, набавуваме инструменти. Конкретно за нашето школо имаме набавено нови клавири од пред две-три години. Секоја година набавуваме флејти, кларинети, виолини, гитари“.

Музиката е скапа професија, а на овој начин им помагаме и на учениците и на родителите. Можам да кажам дека училиштето е добро опремено, секој професор има свој кабинет, има обновени инструменти, а во догледно време наша желба е ОМУ „Методи Патче“ да добие поголема концертна сала, вели директорката Емилија Маринова.