Во населбата Рача се уредува плоштад
Во населбата Рача се уредува плоштад.
Населбата Рача наскоро ќе добие современ плоштад. 520 м квадратни се поплочуваат со бекатон, бетон и гранитни плочки, се инсталира современо осветлување со канделабри, се поставува фонтана, клупи и канти за отпадоци.
Со овој градежен зафат реализираме едно наше ветување со кое им овозможуваме поквалитетно урбано живеење на жителите од Рача, вели градоначалникот Никола Бакрачески.
„ Со овој зафат местото кое беше неугледно, отпадно, на кое граѓаните депонираа отпад и градежен материјал за неколку месеци успеавме тој неред да го санираме, да го исчистиме и да изградиме современо решение за плоштад во оваа урбана заедница“, посочи Бакрачески.
На овие зафати им претходеше подигање на потпорен ѕид со кој треба да се спречи свлекувањето на земјиштето, кажа Бакаречски. Дополнително за потребите на ова современо катче ќе се грдат нови ѕидови кои треба да го спречат спуштањето на земјиштето.
„ Во наредна фаза ќе е хортикултурно осмислен во непосредна близина на ѕидините кои се изградени со средства од Локалната самоуправа ќе се изгради забавен парк за деца. Севкупно гледано Рача ќе добие современ простор за забава и рекреација за сите возрасти на граѓаните и ќе се реализира едно наше ветување“, потенцира градоначалникот.
Градоначалникот Никола Бакрачески најавува дека плоштадот во Рача целосно ќе биде завршен за 10 -тина дена. Во изведување на градежните работи на плоштадот во Рача се вклучени работници од охридските јавни претпријатија.
{loadposition content9}