Skip to main content

Brainobrain WALKATHON, прошетка-пешачење со причина

Во недела „БРЕИНОБРЕИН прошетка со причина“ за позитивно ментално здравје

По повод 20 годишниот јубилеј на Бреинобреин програмата и под мотото ЗА ПОЗИТИВНО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ КАЈ ДЕЦАТА, на 11 јуни, „Brainobrain WALKATHON, прошетка-пешачење со причина“.
 |  инфодеск  | 
Бреинобреин постер

Центар БРЕИНОБРЕИН при Црвен крст Охрид се приклучува на светската кампања и одбележување на 20 годишниот јубилеј на Бреинобреин програмата и под мотото ЗА ПОЗИТИВНО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ КАЈ ДЕЦАТА организира „Brainobrain WALKATHON, прошетка-пешачење со причина“, на 11 јуни, недела, со старт во 10 ч. од Градскиот плоштад Св.Климент Охридски Охрид, до мостот кај Билјанини извори.

БРЕИНОБРЕИН – првата Светска Академија за развивање на животни вештини и едукација кај деца од 4-14 годишна возраст започна со работа во јуни 2003 година во Ченаи, Индија.

Бреинобреин програмата успешно се спроведува веќе 13 години во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, како прв ваков центар на Балканот.
Високата професионалност и искрена посветеност на тренерите од Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, упорноста на децата кои ја следеле и ја следат оваа програма, како и поддршката на нивните родители придонесе Центарот да биде еден од најдобрите во светски рамки.

„Изразуваме голема благодарност до сите оние кои ни ја укажале довербата и овозможиле, во овие 13 години работа, преку 100 деца да ги завршат сите десет нивоа од оваа програма и кои како лидери во својата средина трасираат нови патишта за развивање на едно похумано и поефикасно општествено живеење и делување.“ – велат од охридскиот Бреинобреин центар.


Од Центарот ги покануваат сите досегашни Бреинобреин генијалци, родителите и сите оние кои се грижат за своето позитивно ментално здравје, да се придружат со своите деца во пешачење со причина и одмор од електронските уреди, на 11 јуни, недела, со старт во 10 ч. од градскиот плоштад.