Годинешните „Прличеви беседи“ ќе започнат во недела на 5-ти февруари во 11:45 часот со Изложбата на ликовни дела од колекцијата на НУЦК Охрид. Истата ќе се одржи во Изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“.
Во 12 часот започнува свеченоста посветена на лауреатот за наградата „Григор Прличев“. Ќе настапи хорот при НУЦК „Григор Прличев”, а свои обраќања ќе имаат претставник од Центарот за култура „Григор Прличев”, како и претставник од Општина Охрид.
На настанот ќе биде претставена и наградената поема за 2022 година „Коњски житија“, артистичка изведба на поемата, врачувањето на Повелбата за најдобра поема за 2022 година и обраќање на лауреатот Зоран Анчески.
Свеченоста ќе се одржи во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев” Охрид.