Skip to main content

Во недела масовно да излеземе да гласаме за борјот 3 и 7 и да обезбедиме сигурна и стабилна иднина , порачаа социјалдемократите од Охрид

Социјалдемократите, предводени од лидерот Зоран Заев, од трибината во Охрид  повикаа време е да го поразиме груевизмот и на претседателско ниво, за никогаш повеќе да не ни се повтори режим.

 |  Валентина Неловска  | 

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на државата поддржан од СДСМ и Коалицијата и претседателот на СДСМ Зоран Заев од Охрид ги повикаа граѓаните масовно да излезат во недела, на 5 мај, да го искористат правото на глас и да дадат поддршка за кандидатите за градоначалник и за претседател на државата за да продолжи напредокот. Пендаровски истакна дека дополнително ќе се интензивира процесот на интеграција во НАТО и ЕУ, бидејќи како што кажа, доказ за тоа е силната поддршка на нашите пријатели во светот, предводени од САД. Во недела да ја искористиме шансата да си ја обезбедиме сигурната и стабилна иднина, повика Пендаровски.

„ Со гласање за број три добиваме гаранција дека груевиzмот никогаш повеќе нема да ни се повтори. Го поразивме режимот на парламентарно ниво во 2016, го поразивме и на локално ниво во 2017, а време е да го поразиме и на претседателско ниво, за никогаш повеќе да не ни се повтори режимот, кој не врати со децении наназад и тешко се опоравуваме во изминатите 2 години“, порача Пендаровски.

Kандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, Константин Георгиески пред охриѓани рече мојата борба почна за поубав Охрид, за нашиот Охрид. Во изминатиов период, со нашиот Јован и останатите советници, се изборивме и докажавме дека Охрид знае да избере, тоа го докажавме и пред две недели со убедливата победата, која за жал за малку не беше доволна за победа во првиот круг. Но, ние сме се докажувале и ќе се докажеме и на 5 мај , побројни ќе докажеме и со поголема победа во вториот круг, напомена Георгиески. При тоа го сподели и мотивот за своето вклучување во политката.

„ Како човек кој се реализирал на личен и професионален план, доаѓаш во стадиум кога мислиш дека можеш да придонесеш за средината, со своето знање и искуство, можеш да придонесеш за сите,  за идините поколенија, Охрид да го направиме она што заслужува да биде светско богатство. Во оваа година и пол ги поставивме темелите на општината за да станеме град со кој уште повеќе ќе се гордееме. Во таа насока имавме огромна поддршка од Владата“, рече Георгиески.

Обраќање пред присутните имаше и Министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој ги повика граѓаните преку својот глас за бројот 3 и 7 да го потврдат европскиот курс на државата и да си обезбедат иднина во ЕУ и НАТО.

„ Да излеземе и да покажеме дека цврсто сме решени да ги фатиме уздите! Мора да не биде, мора да ја биде државата, не сме ние ништо понеспособни од другите народи и ние заслужуваме да бидеме полноправен член на ЕУ и НАТО бидејќи таму навистина припаѓаме“, рече Димитров

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги повика граѓаните на излезеност на избори. Да излеземе масовно и да ја обезбедиме иднината. Концептот на Стево е концептот кој обединува, кој води напред кон ЕУ и НАТО, кон заедништо и напредок. Другата страна, само води борба за власт, не успеаја ниту да се оградат, ниту да се покаат ниту да се извинат за се она што го сторија во минатото, рече претседателот Заев.

„ Охриѓани знаат на кој пат треба да чекориме и во кој правец да се движиме. Одлуките се многу важни и историски. Една погрешна одлука може да не врати со децении повторно назад“, рече Заев.

Претседателот Заев пред граѓаните ги истакна придобивките што туристичките места ги имаат со напредокот на интеграцииите во ЕУ и НАТО и ги повика граѓаните на Охрид да дадат масовна поддршка за кандидатот за градоначалник Константин Георгиевски. Тој е гарант дека општината ќе продолжи да се развива како модерна европска општина и атрактивна туристичка дестинација за странските туристи, кажа меѓу другото Зоран Заев, претседателот на СДСМ .