Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се одржаа традиционалните „Прличеви беседи“
По тој повод промовирани беа неколку дела меѓу кои книгата „Библиотеката како медиум за комуникација“ од м-р Мариче Боздоганова, библиотекар – советник од библиотеката во Охрид.
Традиционалните „Прличеви беседи“ се одржаа во НУ Библиотека “Григор Прличев“. За животот и делото на Прличев – Вториот Хомер беседеше проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, со свои лични навраќања кон истражувањата на неговото творештво, нераскинливо врзано за Охрид.
Беше промовиран Каталог на стари и ретки книги – издание на библиотеката, а промотор беше Богомир Наумоски, библиотекар – советник од Струга.
Д-р Наде Караџовска, библиотекарски советник од Прилеп ја промовираше книгата „Библиотеката како медиум за комуникација“ од м-р Мариче Боздоганова, библиотекар – советник, вработена во библиотеката во Охрид.
На Прличевата визита имаа настап Михаил и Иван Мишеви кои ја изведоа Прличевата „1762 лето“.
Манифестацијата „Прличеви беседи“ библиотеката ја организира во соработка со Министерството за култура и Општина Охрид.