
Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид денес се одржа втората обука за користење на противпожарна опрема и правилен начин на евакуација.


Од таму информираат дека учениците од IV година имаа можност одблиску да научат како се спречува почетен пожар и како правилно да реагираат во итни ситуации.

-Голема благодарност до Противпожарната служба – Охрид за нивната посветеност и поддршка во едукацијата на младите, стои во нивното соопштение.
