Skip to main content

Државен завод за статистика

Во Охрид во 2022 регистрирани се 53 дивоградби според податоците на ДЗС

Според податоците од ДЗС најмногу бесправно се вршеле адаптации на објекти (проширувања), се граделе огради, помошни објекти и настрешници, а биле изградени 7 објекти за домување.
 |  инфодеск  | 
Охрид

53 дивоградби во текот на 2022 година се регистрирани на територија на Општина Охрид според извештајот на Државниот завод за статистика. Според податоците од ДЗС најмногу бесправно се вршеле адаптации на објекти (проширувања), се граделе огради, помошни објекти и настрешници, а биле изградени 7 објекти за домување. Во статистичкиот период не се бележи бесправно изгараден деловен објект.

Во Струга во 2022 година се изградиле 26 објекти без соодветна документација од кои 5 објекти за домување и 2 деловни објекти. Во Вевчани и Дебрца нема регистрирани дивоградби во 2022 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2022 година, на територијата на државата се регистрирани 662 бесправно изградени објекти.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 111 објекти за домување (16.8 %), 101 доградба, надградба и адаптација (15.3 %), 58 деловни објекти (8.8 %), 94 гаражи (14.2 %), 125 огради (18.9 %), 5 скалила (0.8 %), 19 тераси (2.9 %), 5 летни тераси (0.8 %), 50 натстрешници (7.6 %), 15 времени објекти (2.3 %) и 79 помошни објекти (11.9 %).

Најголем број бесправно изградени објекти (96.2 %) се во приватна сопственост.