Во Охрид 25-мина анкетари ќе проверуваат спорни гласачи од Избирачкиот список Во Охрид 25-мина анкетари ќе проверуваат спорни гласачи од Избирачкиот список
Во Охрид 25-мина анкетари ќе проверуваат спорни гласачи од Избирачкиот список.
Дваесет и пет анкетари во Охрид и Дебрца ќе прават теренска проверка на спорните податоци од Избирачкиот список со овластувања од ДИК. Покрај нив ДИК издала овластување на исто толку набљудувачи од поголемите политички партии, информира Марга Димоска ракаводител на подрачното одделение за започната постапка за спроведување на ажурирање на податоците од избирачкиот список. Имињата на лицата кои ќе се вклуени во анкетирањето се доставени од ДИК, сите прифатија и покажаа подготовеност за работата, напомена Димоска.
„ Анкетарите се сите учесници во претходни активности од типот на статистички попис, како што е пр. последниот попис од земјоделството. Сите се обучени анкетари по било кој основ, млади се и запознаети со постапката како ќе оди понатака. Со секој анкетар политичките партии имаат одредено свои набљудувачи за кои ДИК дала овластување и изјави за заштита на податоците кои од терен. Првата и обврските се дадени во упатството и за анкетарите и за набљудувачите“, подвлекува Димоска.
Граѓаните од Охрид и Дебрца доаѓаа и досега во подрачното одделение и го проверуваа избирачкиот список, вели Димоска. Додава дека проверувале дали се на списокот, а имало и такви кои известувале за одредени проблеми од типот дека на еден број се појавувале повеќе луѓе, за кои подрачното одделение е во тек и ги решава.
„ Досега реакциите на граѓаните беа дека на една адреса или број се водат повеќе луѓе. Тоа не значи дека е грешка или проблем во избирачкиот список. Тие се во избирачкиот список, но на пр. на број 20 има 10 луѓе , сега ќе се прави проверка зошто тие 10 луѓе се на ист број,“укажува Димоска.
Сето ова е со цел да се врати довербата на граѓаните кон избирачкиот список како еден од битните документи за валидни избори, кажува Димоска. Таа посочува дека лицата кои се вклучени во теренската проверка за идентификација со себе ќе имаат беџеви, лични карти, изјави и овластувања од ДИК.