На 25.10.2022 година од 08 до 14 часот, беа преземени сообраќајни контроли на возила и возачи, во Охрид и Кичево.
Контролирани се вкупно 75 патнички и други моторни возила (Охрид-50, Кичево-25) и на вонреден технички преглед испратени се 15 возила (Охрид- 05, Кичево- 10). Притоа, кај 02 возила, констатирани се технички неисправности (Охрид-01, Кичево-01 неисправен уред за сопирање). Против возачите на технички неисправните возила, поднесени се барања за поведување прекршочни пријави – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.