Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2021 година на територијата на Република Македонија се регистрирани 739 бесправно изградени објекти, од кои 70 во Охрид, 1 во Дебрца и 34 во Струга.
Од 70-те дивоградби во Охрид во 2021 година 13 се објекти за домување, 12 доградби, надградби и слични адаптации, 2 се деловни објекти, 17 огради, едни скали, по една тераса и летна тераса, 9 настрешници, 7 времени објекти и 6 помошни објекти.
Во Струга пак, бесправно се изградени 34 објекти од кои 10 објекти за домување, 4 доградби, надградби и слични адаптации, 6 деловни објекти, 2 гаражи, 8 огради, 3 настрешници и еден помошен објект.
Дивоградбата во Дебрца е објект за домување.