Државен завод за статистика
Во Охрид 70 дивоградби во 2021 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2021 година во Охрид се изградени 70 бесправни објекти, во Струга 34 и во Дебрца само 1. Во Вевчани нема дивоградба во 2021.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2021 година на територијата на Република Македонија се регистрирани 739 бесправно изградени објекти, од кои 70 во Охрид, 1 во Дебрца и 34 во Струга.

Од 70-те дивоградби во Охрид во 2021 година 13 се објекти за домување, 12 доградби, надградби и слични адаптации, 2 се деловни објекти, 17 огради, едни скали, по една тераса и летна тераса, 9 настрешници, 7 времени објекти и 6 помошни објекти.
Во Струга пак, бесправно се изградени 34 објекти од кои 10 објекти за домување, 4 доградби, надградби и слични адаптации, 6 деловни објекти, 2 гаражи, 8 огради, 3 настрешници и еден помошен објект.

Дивоградбата во Дебрца е објект за домување.



