Skip to main content

„Писмото е нашиот универзум“

Во Охрид централното одбележување на Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј

Во колевката на словенската писменост – Охрид денеска започнува државното одбележување на Денот на сесловенските просветители.
 |  инфодеск  | 
Св Кирил и Методиј

Под мотото „Писмото е нашиот универзум“, Владата на Република Северна Македонија во Охрид, организира дводневно свечено одбележување на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј.

„Свеченото одбележување на празникот започнува денеска, во Охрид – колевката на словенската писменост. Оддаваме должна почит на непроценливата просветителска мисија на Светите Кирил и Методиј, со која ги поставија основите на сесловенската писменост и која е инспирација сите следни генерации. Нивното дело живее и денес.“ – наведува премиерот Димитар Ковачевски во објава на фејсбук .

Во рамки на програмата, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде одржан концерт на гудачкиот ансамбл „Антео“ во црквата Св. Софија во Охрид.

Утре во хотел „Инекс Олгица“ ќе се одржи панел дискусија „Македонскиот јазик во словенскиот свет” на која воведен збор ќе има премиерот Ковачевски, по што ќе биде положено цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид.

Централната свеченост по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, е утре напладне на Плаошник