Сончево и малку потопло ќе биде времето денес во Македонија, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер.
Во понеделник попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места, а од вторник следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд кои во вторник, кога ќе преовладува облачно време, ќе бидат пообилни.
Во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Утринската до 7 степени, а максималната дневна ќе сеискачи до 21 степен.