Во Охрид има 15 скривници, дел се во уредна состојба, но дел потполно уништени, некои и поплавени под вода. Некои се депонии и дувла за отпад, дел се ограбени. Градот има капацитет за засолнување на 2000 луѓе, а согласно законот, кој налага да се има можност за засолнување на 30 % од жителите, во општина Охрид потребно е да има скривници со капацитет за 15 000 жители. Што значи недостига простор за 13 000.
Две од засолништата, кои се затворени и херметизирани по сите стандарди се во сопственост на ДЗС. Тие се во најдобра кондиција и располагаат и со потребната опрема за сместување во случај на вонредна или воена состојба.

„ Од нив две се во сопственост на државата и со нив стопанисува ДЗС тие се сместени во трговскиот центар Никола Карев, комплетни со инсталации, уреди опрема заклучени се и може да се стават во функција како што налага законот во рок од 48 часа. Капацитетот на нашите засолништа е вкупно 300 лица. “ – вели Сашо Тодороски шеф на ДЗС Охрид.

Засолништата на ДЗС се комплетно опремени, има резервоар за вода, суви тоалети, радиолошки и хемиски детектори, филтер за заштита, комплети за спасување и прирачни аптеки.
„До 2010 согласно законот за спасување се издвојуваа пари за изградба на засолништа меѓутоа тогаш таа обврска пркеина и повеќе не се издвојуваат пари. До 2010 година наш беше надзорот на засолништата и имавме отприлика увид каква е состојбата со сите засолништа на територијата на градот Охрид. Сега од 2010 година со уредба државните засолништа ги стопанисува дирекцијата а сите останати се препуштени на единиците за локална самоуправа и нивните служби за заштита и спасување.“ – додава Тодороски.

Со останатите 13 скривници стопанисуваат најчесто куќните совети на станбените објекти. Поголемиот дел од нив се под клуч дел ги користат како складишта, но велат во случај на потреба во рок од 48 часа може да се приспособат.
„Тука има многу нерасчистени имотно правни работи и каде што има совесни и одговорни куќни совети си го имаат средено засолништето со сопствен имотен лист некаде особено блоковските останаа запуштени и руинирани а со текот на времето се во се полоша состојба.“– појаснува Тодороски.

Во секоја од херметички затворените скривници има рачен генератор за струја, простории за вода и храна, санитарни простории, резервен излез со тунел да се излезе од друга безбедна страна.
„Една препорака до граѓаните со посоечките засолништа совесно и одговорно да се стопанисува да не ги уништуваме и опремата што е со нив затоа што не дај боже во случај на потреба тие ке бидат корисни за сите нас и за материјалните добра и за културното наследство во градот Охрид.“ – додава Тодороски.
Во овие бурни воени времиња државата треба поголемо внимание да посвети на уредни засолништ, кои се клучни за радиолошка, хемиска и биолошка заштита.