Во Охрид има млади луѓе без завршено основно образование
Во Охрид има млади луѓе без завршено основно образование.
Во августовската испитна сесија во Отворениот граѓански универзитет Кузман Шапкарев се приоајвиле за полагање за дозавршување на основно образование 3 лица. Меѓу нив имало и момче на возраст од 26 години само со завршено 3 одделение. Останало без образование откако неговите родители заминале во странство и не продолжило да се школува, раскажува директорката Славица Ристевска од ОГУ Кузман Шапкарев. Таа напоменува дека во нивната установа има 5 испитни сесии и во текот на годината со основно образование се стекнуваат околу 15-тина лица.
Статистиката пак покажува дека 50 посто од населението е со основно или со неоформено основно образование, нагласува Ристеска. Таа решението за ваквата состојба гледа во проект кој би се спроведувал на национално ниво, а не само на локално ниво. Со проектот би се опфатиле лицата со недооформено образование преку организирање на консултативна, вонредна подготвителна настава. Ристеска посочува дека во нивната годишна програма за 2015 /2016 планираат да предложат проект до Локалната самоуправа за опфаќање на вакви лица во согласност со финансиските средства. Од Отворениот граѓански универзитет Кузман Шапкарев велат овие лица дека доаѓаат да го завршат основното образование само за да се стекнат со возачка дозвола.
Според номенклатурата на занимања во Центарот за вработување во Охрид активни баратели на работа се евидентирани 554 лица без образование и со основно образование, информира Пецо Павловски соработник за активни мерки и политики на пазарот на труд .
„ Според податоците со кои располагаме до 31.8.15 во Центарот за вработување се евидентирани 7298 невработени лица. Од таа бројка лица без образование и со основно одделение се 554 лица од кои од женски пол се 286 лица. Од оваа бројка активно бараат работа 4373 лица,“ информира Павлоски.
Од Агенцијата за вработување и од Отворениот граѓански универзитет Кузман Шапкарев напоменуваат дека кај лицата со основно образование нема предизвик да се прекфаликуваат или да најдат подобра работа преку дооформување на своето образование. Оваа констатиција ја поткрепуваат со малиот или никаквиот интерес за објавените безплатни обуки за прекфаликации или докфаливикации во стручни занимања.
Годинава светскиот ден на писменоста се одбележува под мотото „Писменоста и одржливоста на општеството“. Акцентот е ставен на земјите во развој и значењето на достапноста на образованието до граѓаните.