На 21/22.01.2023 година од 21 до 03 часот, преземени се сообраќајни контроли на подрачјето на Охрид и Струга.
Притоа, полициските службеници затекнале 5 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-03). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.