Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), од 26 до 30 јуни во Охрид, ја организира 7. Балканска олимпијада по физика – БПО7, натпревар наменет за ученици од првите две години од средните училишта од балканските земји. Натпреварот ќе се одржи под покровителство на Балканската унија на физичари (BPU) и со финансиска поддршка од Европското друштво на физичари (EPS), Природно-математичкиот факултет – Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Министерството за образование и наука на Македонија.
На БПО7 ќе учествуваат ученици од 10 земји-членки на BPU (Албанија, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција), како и од 6 гостински земји (Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Казахстан, Киргистан, Словенија и Туркменистан).
Како што информираат организаторите, натпреварот ќе се состои од еден тест со 4 задачи. Официјалниот јазик е англиски, но задачите ќе бидат преведени и на официјалните јазици на земјите од кои учениците доаѓаат.