Во Охрид ќе функционира тренинг и симулациски центар за југозападниот регион
Во Охрид ќе функционира тренинг и симулациски центар за југозападниот регион.
Од утре во Здравствен дом Охрид ќе старува со работа Тренинг и симулациски центар. Овој центар е еден од петте во земјава кој ќе ги опфати општините од југозападниот регион, а се отвара со поддршка на Министерството за здравство. Ваквите центри се новина и се дел од јавната здравствена установа Тренинг и симулациски центар од Скопје, информира д-р Горан Симјаноски, раководител на Итната медицинска помош во Охрид и овластен едукатор.
„ Новина е што во тренинг и симулацискиот центар ќе се врши обука не само на лекари, туку и на медицинските тимови во итната медицинска помош, а ќе бидат опфатени и медицинските сестри и возачите на санитетските возила“, истакна д-р Симјаноски.
Службата на итната медицинска помош работи тимски и секој поединец во неа е важна алка за што подобро нејзино функционирање, подвлекува д-р Симјаноски.
„ Со овие трениг и симулативни центри, отворени по терк на еворпските, ќе се подигне професионаланоста на самата служба на ИМП преку постојани континуирани едукации кои ќе опфаќаат не само теоретско, туку повеќе внимание ќе се посвети на практичниот дел“, вели д-р Симјаноски.
Едуакаторите во овој центар обуката ја поминале во тренинг и симуалацискиот центар во Измир Турција преку програмите за едукација на лекарите, а со поддршка на ресорното министерство.