Skip to main content

Во Охрид ќе се прска против комарци

Наездата од крлежи и се поголемата напаст на глувците и комарците е аларм надлежните институции да стартуваат со мерки за заштита на луѓето од заразни болести кои ги пренесуваат овие инсекти и глодари.

 |  Валентина Неловска  | 
komo
komo

Наездата од крлежи и се поголемата напаст на глувците и комарците е аларм надлежните институции да стартуваат со мерки за заштита на луѓето од заразни болести кои ги пренесуваат овие инсекти и глодари. Службите од Центарот за јавно здравје и охридската Локална самоуправа веќе се состанале и разговарале за спроведување на мерките за заштита кои произлегуваат од Законот за Јавно здравство. Најави има дека во градот ќе се прска против комарци во два наврати, во мај и јуни, а против глувците во септември. Градоначалникот Александар Петрески нема дилема за преземањето на мерките за заштита, но му пречи начинот на комуникација со државната институција.

avioНие рутински ја звршуваме работата, мене ме загрижува појавата што Министерството сака да се наметне дека е единствено што треба да ја заврши работата. Ако се единствени нека ја завршат сами, а не да ме прашуваат мене. Настапуваат со услови да се плати однапред за да купат хемикалии за прскање, а ние не смееме ништо да платиме однапред, секоја работа се плаќа по завршената работа“, дециден е градоначалникот.

Од Центарот за јавно здравје укажуваат на потребата од меѓусебна соработка во интерес на граѓаните и што поскоро изнаоѓање брзо и ефикасно решение за спроведување на мерките. Директорот на Центарот, д-р Михаилов упатува забелешка во однос на ефикасноста на досегашното авионско прскање против комарците кое го презема Локалната самоуправа.

„Најголемо разијдување со Локалната самоуправа го имаме за авионското прскање. Според него тоа е недоволно, а најдобро е комбинацијата на прскање и од воздух и од земја“, смета Михаилов. prs

И покрај, препознатливите меѓусебни препукувања на релација Петрески – Михаилов, сепак Акциониот план за здравствената заштита на охриѓани ќе се реализира, но тој е неизвесен за стружани. Директорот на Центарот за јавно здрвје кој е надлежен за југозападниот регион вели дека не се памети кога последен пат Локалните самоуправи на Струга и Дебар презеле мерки за прскање против комарци, крлежи и глувци. Михаилов додава дека е позитивно изненаден од соработката со Локалната самоуправа од општина Дебрца кои покажале интерес за преземање активности за спечување на заразните болести кои ги пренесуваат инсектите и глодарите.

{loadposition content9}