Skip to main content

Во Охрид конечно туристи со подлабок џеб

Охридските угостители задоволни од изминатата летна  сезона.

 |  Валентина Неловска  | 
Plaoshnik
Плаошник

Охридските угостители задоволни од изминатата летна  сезона. Покрај холанѓаните и финците , Охрид ова лето го посетиле гости од сите делови на светот, вели познатиот охридски угостител Димитар Пендов.  Со оглед  на светската рецесија и економската криза во Македонија,  задоволни сме од Лето 2012 иако можеше секогаш да биде и подобро, посочува Пендов.

„Има некој процеси во охридксиот туризам што се за поздравување. Можеби бројот на гостите не се зголеми туку се зголеми квалитетот на гости. Се надевам дека тој тренд ќе продолжи“.
пендов
За да продолжи сегашниот  тренд, напоменува Пендов потребна е само малку повеќе соработка и координација помеѓу институциите од кои зависи туризмот како комплексна стопанска гранка. Додава ние угостителите можеби сме последната алка во целиот тој синџир на поврзани фактори.  

„ Треба да се попрват ситни работи. Не се работи за  големи инвестиции. Ние од што брзаме да направиме многу работи заборавме на најситните. Еве земето го  примерот со јавните тоалети.  Во стариот дел од градот нема јавни тоалети и имаме проблем со туристите.“

Угостителите предлагаат и бројни идеи како да се  продолжи сезоната во Охрид и да има гости преку цела година. Пендов кажува дека е потребно да се искористат сите адути кои ги има  градот, почнувајќи од верските празници и други манифестации. Многу здруженија, како она на Богојавление,  можат да им вратат живот на веќе подзаборавени празнувања. Пендов ја споменува,  веќе подзаборавената Пештанска свадба, која некогаш била мошне атрактивна и  посетувана од домашни и странски гости.

{loadposition content9}