СВР Охрид
Во Охрид КОНСТАТИРАНА бучава над дозволеното во угостителски објект
По целосно документирање на настанот, против правното и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од СВР Охрид.
На 16.08.2023 во 22.57 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во угостителски објект на кеј „Македонија” во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со гласна музика.
„Од извршената контрола и мерење со фонометар за мерење бучавост, констатирана е јачина на бучава од 39,3 децибели, што е над дозволената вредност од 35 децибели. По целосно документирање на настанот, против правното и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави.“ – информира портпаролот на СВР Охрид.


