Во Охрид мал број регистрирани заболени од грип
Во Охрид мал број регистрирани заболени од грип.
Во охридскиот Центар за јавно здравје се пријавени 15 -тина заболени од грип. Само мината недела биле регистрирани 8 заболени од обврската матичните лекари да пријавуваат грип до 40 недела од годината, информира епидемилогот Др.Јованка Стурлакова Коровешоска.
„ Малата бројка на заболени се должи на големиот број вакцини со што има појака колективна имунизација. Оваа година се вакционирани 3000 лица од сезонски грип.Секако и помалото загдување на воздухот за разлика од Скопје, Битола, Тетово и Куманово има влијание на малиот број на заболени од грип“, напоменува Др.Стурлакова Коровешоска.
Кон овие два фактори секако во прилог одат и високите декемвриски температури. Поголем број на заболени сепак се очекува во месец февруари, укажува епидемилогот Стурлакова Коровешоска.
„По враќањето на децата од зимскиот распуст во училишните клупи и контактите од Новогодишните и Божиќните празници се зголемува бројот на заболените од грип. Последните 10 години статистиката покажува дека има најголем број на заболувања во февруари“, напоменува Стурлакова Коровешоска.
Епидемилогот Др. Јованка Стурлакова Коровешоска посочува дека топлите декемвриски температури поволно влијаат и на настинките. Според Алерт системот од пријавите на матичните лекари има регистрирани помал број на заболени од инфекции на горните и долните респираторни патишта.