Skip to main content

Во Охрид на листата на невработени најбројни се лицата без квалификации

Во Охрид на листата на невработени  најбројни се лицата  без квалификации.  И понатака има суфицит од  правници, економисти и менаџери по туризам и угостителство. Недостасуваат  лекари и фармацевти. Од Центарот за вработување информираат дека стагнира бројот на невработените лица во општина Охрид во споредба со минатата година.

 |  Валентина Неловска  | 

На охридскиот пазар на трудот работа чекаат 3702 лица. Во првите седум месеци од оваа година најброни се лицата кои активно бараат работа но се без квалификации и нивниот број е 1500. Веднаш зад нив се 1100 лица со завршено средно обарзование, 140 лица се со вишо образование, а 600 лица се невработени охриѓани со високо образование, информираат од охридскиот Центар за вработување. Охридското стопанство во однос на побарувачката на работни профили и понатака најмногу има потреба од кадри во угостителскиот сектор. Барани се готвачите, келнерите, собарките, шанкерите. Овие кадри ги има на евиденција, но неприфаќаат да бидат времено или сезонски ангажирани, вели Баткоски. Укажува на што се должи оваа појава профилите да одбиваат да се вработат на побаруваните позиции.

„ Има субјективни причини кои се изразени во изјавите за неможност за нивно вработување заради немање вештини, знаења, желби, волја. Но, има и други причини кои се на страната на работодавачите во помал обем како што се условите на работа кој им се нудат кои ги сметаат дека не се соодветни или оптеретувачки“, вели Баткоски.

Од Центарот за вработување напоменуваат дека споредбено со минатата година стагнира бројот на невработените лица во општина Охрид. Појаснуваат на што се должи тој податок.


„Најзначаен факор за зголемување на бројот на вработените лица се инвестициите, проширување на веќе постоечките инвестиции и постоечките бизниси“, подвлекува директорот на центарот за вработување Јован Баткоски.

Во општина Охрид и понатака суфицитарни кадри се правниците, економистите и менаџерите по туризам и угостителство, филолозите. Дефицитарни професии од кои стопанството во Охрид има потреба се лекарите , фармацевтите, електро и машинските инжинери.