Во Охрид не е регистриран случај на Хив Сида
Оваа година, за среќа, за Охрид ќе протече без нити еден евидентиран случај на Хив/Сида.
Оваа година, за среќа, за Охрид ќе протече без нити еден евидентиран случај на Хив/Сида. Во земјава пак, бројот на ново регистрирани случаи е 20 заболени, од кои 13 се Хив позитивни и 7 случаи отпаѓаат на заболени од Сида. Најмногу регистриарни има на возраст од 30 до 39 години 8 случаи, 6 случаи се на возраст од 40 до 49 и 5-мина случаи се на возраст од 20 до 29 години. Меѓу заболените се 15 мажи и 5 жени, а за жал има и едно дете на 6 години каде што преносител била мајката. Последните 2 случаи во Охрид се откриени во 2007 година. Од почетокот на Хив /сида епидемијата до денес во Охрид починале 5-мина заболени од сида, кажува д-р Јованка Стурлакова Коровешовска од Центарот за јавно здравје. Епидемилогот открива дека поголемиот број позитивни случаи се откриени случајно преку доброволно-доверливи тестови со теренско возило.
Со бројни активности во Охрид утре ќе се одбележи светската недела за борба против Хив/Сидата. Покрај Цврен крст и Центарот за јавно здравје во активностите ќе се приклучат и од НВО „Опција“. Социјалниот работник од „Опција“, Јулијана Настоска потенцира дека најризичната категорија која е на удар на Хив/Сидата сексуалните работници и зависниците од дроги се мошне претпазливи за своето здравје и нивната свест е на високо ниво. Често пати иницијативта за тестирање е од нивна страна.
Утре, на 1 декември на светскиот ден за борба против ХИВ/Сидата, волонтерите на Црвен крст Охрид ќе поделат над 2000 кондоми и едукативен материјал. Покрај овие активности ќе има и бесплатно тестирање за граѓаните, нагласува Марјан Божиновски, волонтер на ОО на Црвен крст.
„ Возилото ќе е на терен и граѓаните над 18 години може да направат доверливи, анонимни тестирање за да го дознаат својот Хив статус“, велИ Божиновски.
Типизирани предавања за заштита од Хив/Сидата ќе се одржат во охридските основни и средни училишта и на факултетот за туризам и угостителство. На 3 и 4 декември во дневниот центар на Опција ќе се одржат прилагодени предавања за сексуланите работници и за корисниците од дроги.
{loadpostion content9}