Skip to main content

УХМР

Во Охрид нестабилно со дожд и грмежи

Утринската температура до 8 степени, а максималната дневна до 16 степени.
 |  инфодеск  | 
Нестабилно Фото Симјаноски

Во Македонија денеска променливо облачно време, во утринските часови во источните делови со врнежи од дожд. Околу пладне и попладне пообилни врнежи ќе има во во западните делови, каде ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне во источните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен ветер од северен правец.

Во Охрид нестабилно, попладне со врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер. Утринската температура до 8 степени, а максималната дневна до 16 степени.

Во петок и сабота ќе преовладува сончево и топло време. Од недела следува период на нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.