Skip to main content

Здружение на ветерани и резервисти, СВР Охрид и ИПА – регион Охрид

Во Охрид ќе се одбележи Денот на македонската полиција

Во рамките на свеченоста ќе биде отворена спомен собата на 6-та македонско народно ослободителна бригада.
 |  инфодеск  | 
IPA region Ohrid

Здружението на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста на Македонија-регион Охрид, СВР Охрид и Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) – регион Охрид, денес на заедничка средба, ќе го одбележат 7 мај, денот на македонската полиција.

Во рамките на свеченоста, на која, покрај полициски службеници и членови на здруженијата, се очекува присуство и на градоначалникот Кирил Пецаков, ќе биде отворена спомен собата на 6-та македонско народно ослободителна бригада по што ќе следува забавна и спортска програма. Средбата ќе се одржи во кругот на поранешната касарна во Охрид.

Инаку, минатата година, во чест на 7 мај, денот на македонската полиција, Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Македонија-огранок Охрид, потпишаа меморандум за соработка.