Во Охрид предвреме расцветаa бадемите
Во Охрид предвреме расцветаа бадемите.
Високите температури во февруари стануваат проблем за овошните насади кои невообичаенопорано расцутуваат. Најмногу на удар се бадемите, кајсиите, раните сорти сливи како што се петровката и јапонската слива, напоменува дипломираниот инжинер агроном Мирослав Трајчески. Икао во охридко нема големи плантажи со бадеми туку поединечни дрвја. Но затоа пак кајсиите гиима во помали плантажни насади. Тие се сега во фаза на принудно мирување и овие температири ги будат овошките, а се на удар од измрзување, вели Трајчески.
„Претежно коскените овошја и диви дрјва по ридовите се расцветани и тоа е многу рано за овој период од годината и ризикот е голем. Не чека уште назад голем дел од зимата и пролетта знае да носи ниски теператури. Ризик за жал постои“,нагласува Трајчески.
Превентива за заштитата од прерано измрзнување во права смисла на зборот нема, појаснува агрономот Трајчески. Последиците зависат од многу фактори на терен. Многу зависи од микроклимата, локацијата, сортата, времето на ниските температури дали е во утро и ноќе, дали било со ветар или влажно. Најделикатна е фазата на цветање и врзување на плод кога штетите може да бидат најголеми. Преостанува да помине цветањето , да врзе плодот по што колку – толку плодот ќе биде поотпорен на ниски температури, додава Трајчески.
„ Во однос на мерките во литературата се среќава палење на оган под стеблата за време на ноќта. Една поконкретна мерка за спас е прскање со чиста вода на овошките. Се прскаат со чиста вода, водата замрзнува и мразот со темепература од -1 е топлотен изолатор и го покрива делот од цветот или плодот и прави изолација со надворешната темпертура која може да е и -10 степени“, укажува Трајчески.
Агрономот Мирослав Трајчески како една од најважните препораки до овоштарите упатува на заштита на растенијата преку исхраната. Правилната прехрана на овошките и растенијата значи и нивна поотпорност која ќе ги штити од измрнување, нагласува Трајчески.