Во Охрид презентирана „Православната енциклопедија“, историско дело за православниот свет“
Најголемото енциклопедиско дело за православието во светот, „Православна ециклопедија”, денес беше презентирана во Охрид. На свеченоста организирана од Универзитетот „Св Кирил и Методиј и Амбасадата на Руската федерација во Скопје, беше потенцирано дека „Православна ециклопедија”, претставува информативно издание, кое ќе даде сеопфатна информација од 2000 годишната историја, до информација за современата состојба на православната ехумена, како и да ги запознае на читателите со другите христијански конфесии и нехристијански религии.
Во Охрид денес беше презентирано најголемото дело на христијанството. Во Конгресниот центар на УКИМ беше промовирано специјалното издание на досега објавените 38 тома од овој голем проект, „Православна ециклопедија”, дело посветено на православието во светот. Пред нас стои грандиозно, историско дело каде ќе биде поместен актуелниот живот и статус на МПЦ,Охрид и охридската архиепископија, што е од големо значење, како што истакна г.г. Стефан, архиепископот охридски и македонски.
„Набрзо следи томот односно обработката под буквата „М“, а потоа и под буквата „О“, томови во кои посебно место ќе имаат Македонија, МПЦ, охридската архиепископија и Охрид, нешто што ќе го потврди и вековното пријателство и врските меѓу рускиот православен народ и секако нешто што ќе ја прикаже вистината за Црквата во Македонија, нејзините корени, животот во овие 20 христијански векови“ .
Специјалниот претставник на претседателот на Руската федерација за меѓународна соработка Михаил Швидкој, смета дека „Православната енциклопедија“ можеби е најголемиот научен проект во последните 50 години, дело кое е од исклучителна важност не само за Русија и за православните земји туку и за светото воопшто.
„Сакам да кажам да се посети Охрид, да се биде на изворите на православието на основите на руско словенските зборови секогаш во мене создава длабоки чуства“ – истакна Швидкој.
Директорот на „Православната енциклопедија“ Сергеј Кравец кој за прв пат ја посетува нашата земја и Охрид, истакна дека престојувајќи во Охрид разбира зошто изворите на православието во Русија се поврзани со убавината која ја доживува во нашата земја.
„Оваа навистина убава земја, во Русија ги чуствуваме тие врски кои ги врзуваат нашите две држави и тоа е факт што православната енциклопедија е донесена во Охрид и во Македонија е многу важно, а особено во делот енциклопедијата нема да стане само дел од библиотеката на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, но ќе стане основа за идната наша многу плода работа“ – истакна Кравец.
Како што нагласи директорот на „Православната енциклопедија“ Кравец, оставен бил простор за околу 100 статии во кои треба да се вклучи и македонската страна со потребните материјали. Во таа насока ректорот на Универзитетот „Св Кирил Методиј“ Велимир Стојковски денес беше назначен за главен редактор во тој дел. Од научен аспект тоа е од големо значење бидејќи енциклопедијата претставува капитално дело, истакна Стојковски. Тој смета дека оваа енциклопедија според динамиката на која се работи и издава, ќе надмине 60 тома.
„За нас како држава е од особено значење, заради тоа што сега е завршено пишувањето на буквата „К“, почнува „М“, што значи дека ќе бидат опфатени аспекти од делокругот на енциклопедијата што се однесуваат на Македонија а потоа исто така многу значајно буквта „О“ која ќе се однесува на Охрид. Веќе динамиката за истражување во таа област е определена, така што на истражувањата за одредницата под „М“ ќе се посвети 7 месеци, а на истражувањето под буквата „О“, каде што спаѓа и Охрид и охридската архиепископија повеќе од една година“ – вели Стојковски.
По повод презентација на „Православната енциклопедија“ утре во црквата „Св.Софија“ ќе се одржи концерт на хорот на Подворје на Руската православна црква од Софија. Инаку „Православната енциклопедија“, во Русија претстевува научен центар, на чие печатено и електронско издание работат 100 редовно вработени автори и повеќе од 1000 автори како надворешни соработници. Институцијата „Православна енциклопедија“ основана е 1998 година со одлука на претседателот на Руската Федерација и на тогашниот патријарх московски и на цела Русија Алексеј Втори како истражувачки цента во кој се обединети сите ресурси што ги поседуваат науката, државата, црквата.
{loadposition content9}