Skip to main content

Летово се очекува над 18 000 холанѓани да го посетат Охрид

Во Охрид пристигнаа првите гости од Хoландија

На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ утрово пристигна првиот лет од Амстердам. Холанѓаните, важат за традиционални гости вљубеници во Охрид и Македонија. Годинава на брегот на Охридското лето се очекува да летуваат над 18 000 холанѓани.
 |  инфодеск  | 
холаѓани

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле” утрово пристигна првиот лет од Холандија. 180 туристи од Амстердам на седумдневен одмор дојдоа во Охрид.

Холанѓаните, важат за традиционални гости вљубеници во Македонија, кај нив расте интересот да летуваат на брегот на Охридското Езеро. Сакаат да се запознаат со богатото културно историско наследство, да го видат најголемото езеро во Европа, но и да уживаат во македонската традиционална храна.

„Прв пат доаѓам, ја видов Македонија и мислам дека е инетересна дестинација.“, вели една гостинка од Холандија.

„По четврт пат доаѓаме да летуваме во Охрид, убаво ни е задоволни сме од природата.“, вели друг гостин од Холандија.

„Многу ми се допаѓа природата, сончевото време, храната, виното.“, вели трета гостинка од Холандија.

Оптимистички најави за оваа сезона, уште во првиот квартал од годинава има зголемување на бројот на туристи од Холандија за 22% во однос на 2019 година, која се смета за најдобрата во туризмот.

Се истакнуваат неколку дестинации , тоа се турските туристи, португалските, српските, босанските, холандските, романските туристи кои што имаат подобри позитивни резултати во 2023 година за разлика од 2019 година.“, истакна Љупчо Јаневски директор на АППТ.

ТУИ годинава на охридскиот аеродром ќе има четири чартер летови неделно од Холандија и два од Велика Британија.

„Во моментот баш денес правевеме статистика имаме околу 10 600 патника а очекуваме околу 18 000, а ако вака растат можно е да имаме и повеќе” – изјави Васко Коциров туристичка агенција партнер на тур операторот ТУИ.

Сите овие години Mакедонија е особено интересна дестинација за холандсkите туристи. Се надеваме ова лето да се вратиме на бројките од 2019 година која беше најдобрата и се надеваме дека ќе донесеме многу среќни и задоволни гости”, изјави Аријан Kерс генерален директор на ТУИ Холандија.

Според прогнозите на АППТ од туризмот годинава се очекува 3,2 до 3,3 милиони ноќевања и над 5 милјарди долари директен прилив во домашната економија.

Новинар Соња Рилковска