Skip to main content

УХМР

Во Охрид променливо облачно со повремен дожд

Минималната до 10 степени, а максималната дневна температура до 14 степени целзиусови.
 |  инфодеск  | 
hdr

Времето денеска во Македонија променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Охрид променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната до 10 степени, а максималната дневна температура до 14 степени целзиусови.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ денови : Во четврток во Македонија ќе се задржи облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Во петок и сабота ќе биде посончево, а во петок попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела повторно се очекува променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд. Од утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.