Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Попладне со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура до 10 степени, а максималната до 19 степени целзјусови.
Од недела во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а од понеделник на повеќе места се очекува да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.