Во Охрид расте бројот на аутистични деца
Во Охрид расте бројот на аутистични деца.
Во Охрид расте бројот на аутистични деца. Иако не се знае точниот број на деца со аутизам учителките од одделенска настава се почесто во пракса се среќаваат со деца кои боледуваат од аутизам. Аутистичните деца не може подолго време да го задржат вниманието на наставната содржина, велат наставниците.
Во текот на наставата овие деца бараат поголемо внимание од училтелката, почести паузи, да работат со фломастер или пластелин, кажува Мери Димзова учителка од ОУ „ Григор Прличев“ со долгогодишно работно искуство. Димзова има работно искуство со аутистично дете. Напоменува дека во соработка со наставниците, родителите и децата може да се постигне успех во описменување на тие деца, но до одредена возраст. Таа укажува на потребата од вклучување на стручни лица во наставата за потребите на овие деца.
„ Тие бараат да биде учителката цело време со нив. Јас би дала апел и тие деца одреден период да престојуваат во редовните паралелки, да се социјализираат и да бидат среќни, да им се помогне, но без дефектолог тоа да не се практикува. Едните деца ќе се чувствуваат неудобно, а и другите ќе се чувстсвуваат запоставено, укажува Димзова.
Во основното училиште Григор Прличев во стручната служба на педагози и психолози нема дефектолог. Ваков стручен кадар засега има само во основните училишта „Братство Единство“ и „Св. Климент Охридски“. Директорката на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсоска напоменува дека добро е децата до одреден степен во образовниот процес да посетуваат настава во редовни паралелки, но и директорката ја нагласува потребата од ангажирање дефектолог. Мојсоска ја посочува и потребата општеството да им помогне на родителите кои се соочуваат со аутистични деца бидејќи целиот терет е на грбот на семејството.
„ Министерството за труд и социјална политика имаше желба да обезбеди средства да отвори центар за аутистични деца. Сакаше да го направи преку општина Охрид. Верувам дека интерес се уште постои“, посочува Мојсоска.
ТВМ по писмен пат побара информација од ресорното министерство кои се плановите во врска со отварање на ваков центар во Охрид. Иако барањето беше уредно испратено пред три дена, до затварањето на дневникот не добивме одговор од портпаролот на министерството за труд и социјална политика.
{loadposition content9}