Во Охрид се крои нова стратегија до приклучување кон Нато
Во Охрид се крои нова стратегија до приклучување кон Нато.
Во Охрид се крои нова стратегија до приклучување кон Нато. Денес голем број експерти, политичари , дипломати и професори разговараа на тема „Нато самитот во Велс: иднината на Алијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан“. Она што е договорено на НАТО самитот во Велс, претстојните предизвици со кои се соочуваат Алијансата и нејзините партнери, како и утврдувањето на модалитетите како општествата треба да се прилагодат на ново настанатите околности се темите на кои се дискутира на работилницата во Охрид. Владите на 10 држави од регионот преку ваквите состаноци имаат можност да ги утврдат насоките за меѓусебната соработка во иднина, кажа македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски.
„Владата на Република Македонија и министерството за одбрана веќе почнаа да подготвуваат стратегија за тоа како да продолжиме во процесите за натамошно презентирање на достигнувањата на Република Македонија, зашто треба да биде поканета да биде членка на НАТО. Toа е процес кој перманентно се одвива и ќе продолжиме да работиме во таа насока“.
Од оваа средба треба да произлезат препораки и ставови по однос на активностите што државите од регионот треба да ги спроведат во иднина за зајакнување на безбедноста.
„Овој собир е осмислен за да ги даде препораките за идните активности. Сеуште тоа е свежа материја што се разработува,така што се надеваме дека од дискусиите ќе произлезат солидни препораки за зајакнување на безбедносните аспекти во регионот“, кажа Дин Двиганс директорот на Алумни програмата при „Маршал центарот“.
Според мислењето на учесниците, интеграцијата во НАТО и ЕУ ќе биде успешен процес само доколку не станува збор само за членство, туку за достигнати стандарди и стабилизација на регионот, што ќе придонесе за изградба на поквалитетно, понапредно, подемократско и побезбедно општество.
Препораките ќе бидат испратени до Нато и до владите од регионот во која насока треба да продолжи соработката во иднина.
{loadposition content9}