Во Охрид се регистрирани 8 активни случаи на Ковид19 и над 90 лица во изолација
Едно лице е на болничко лекување, а останатите заболени се со полесна клиничкa слика на домашно лекување. Изолиран е еден кластер со три лица заболени од Ковид 19 поврзани со случајот во фабриката ОДВ.
Во Охрид се регистрирани 8 активни случаи на Ковид19 и над 90 лица се во изолација. Вчера се дијагностицираа уште два нови случаи, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Еден од случаите е поврзан со погон од фабриката во струшкиот дел и лицето е од Охрид. Другото лице сеуште се истражуваат контактите, не било подолго време надвор било дома и се надеваме дека нема да е голем бројот на контакти“, вели Точков.
„Ние го избегнуваме да го користиме зборот кластер, но ако има 3 лица од ОДВ може да го дефинираме како кластер. Но другите лица од таа фабрика кои се во изолација и се без симптоми се изолирани. Не можеме да ги водиме како позитивни односно како лица кои исполнуваат услови за тестирање, се тестираат само лица кои покажуваат одредени симптоми“.
Лицата позитивни на Ковид 19 поврзани со случајот со одмаралиштето на МВР се лица кои не се жители на Охрид тука биле на служба, а се докажало дека се позитивни кога отишле во своите градови. Сите лица кои биле во контакт со нив немаат симптоми и се во изолација, вклучувајќи ги и вработените во одмаралиштето на МВР. Последните два ново регистрирани случаи имаат полесна клиничка слика.
„Еден е хоспитализиран, а другиот е на домашно лекување. До утрово беа со полесна клиничка слика нема компликации по здравјето. Очекуваме така да остане со полесна клиничка слика без поголеми проблеми“.
Сите позитивни случаи кои имаат потреба од хоспитализација се испраќаат на лекување на Инфективното одделение во Битола и на клиниката во Скопје.