Во Охрид седум новозаболени од КОВИД-19 во последните 10 дена
Во изминатите 10 дена регистрирани се 7 новозаболени лица од Covid-19 во Охрид.
Во изминатите 10 дена регистрирани се 7 новозаболени лица од Covid-19 во Охрид.
Во истиот период се пријавени 2 оздравени лица. Според официјалните податоци на Министерството за здравство на Република Македонија, во Охрид од почетокот на пандемијата се регистрирани 5.032 случаи на лица заболени од Covid-19, од кои активни се 11.
Шпицот на сезоната и продолжениот Илинденски викенд донесоа огромен број гости во Охрид. Мерките за заштита скоро и да не се почитуваат, што секако придонесува за зголемување на бројот на новозаболени лица. Во моментов, градови со најголем број заболени лица во државата се Скопје и Тетово.
Досега во земјата се направени вкупно 999.203 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 156.926, бројката на оздравени пациенти е 150.470, на починати е 5.501, а бројот на активни случаи изнесува 955.