Skip to main content

Претседателски избори 2024

Во Охрид сите избирачки места се отворени навреме, гласањето се одвива непречено

Граѓаните без проблеми го остваруваат своето право на глас на седмите по ред претседателски избори.
 |  инфодеск  | 

Според информациите од ОИК Охрид, во 7 часот се отворени сите 87 избирачки места. Граѓаните без проблеми го остваруваат своето право на глас на седмите по ред претседателски избори. Во главниот избирачки список за претседателските избори во Охрид се запишани вкупно 51.717 избирачи.

Во Општина Струга се гласа на 101 избирачко место, а право на глас имаат 61 496 граѓани.

Во Општина Дебрца навреме се отворени сите 23 гласачки места во Општината, а гласањето се одвива непречено, информираат од ОИК Дебрца. Во Дебрца право на глас имат вкупно 3938 лица.

Во Општина Вевчани на 3 избирачки места гласаат 2071 граѓанин.