Skip to main content

УХМР

Во Охрид сончево и многу топло време

Во текот на денот температурата ќе се искачи до 33 степени.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска сончево и многу топло, со утринска температура до 19 степени и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Во текот на денот температурата ќе се искачи до 33 степени.

И во следните денови подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Времето ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.