Во Охрид се поставени 2 повратни вендинг машини и тоа во маркетите KAM MARKET во Т.Ц. Кам Вилиџ и во Tamaro на ул.„АСНОМ“ бр.21, а во Струга пак повратните вендинг машини се наоѓаат во KAM MARKET во Генц Дуа Мол и во Market Misa на ул.„Димитар Влахов“.
Од Пакомак посочуваат дека доволно е корисниците да имаат желба соодветно да го одложуваат отпадот и да ја превземат апликацијата #Екомак, а притоа добиваат „зелени поени“, кои подоцна можат да ги искористат за купување ваучери и производи.
Целта на поставувањето на вендинг машините е да се придонесе за намалување на отпадот по улиците и плажите.