Во Охрид усвоен регионален патоказ за борба против корупцијa
Високи владини функционери и евроамбасадори денеска во Охрид го усвоија Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансиски текови. Спречувањето на корупцијата во јавните набавки е еден од главните приоритети при процесот за пристапување кон Европската унија и еконоскиот напредок на земјите од Западен балкан.
Високи владини претставници и евро абасадори денеска во Охрид го усвоија Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансиски текови. Спречувањето на корупцијата во јавните набавки е еден од главните приоритети при процесот за пристапување кон Европската унија и еконоскиот напредок на земјите од Западен балкан.
Јавните набавки бараат правила и норми коишто треба да се почитуваат со цел да се постигне отчетност на јавните финансии. Ова бара и конкурентност и зголемување на ефикасноста за користењето на јавните средства па на таков начин и зголемување на можностите за посилен економски развој. Македонските министри тврдат дека силно се залагаат за борба со корупцијата.
–Токму овој пристап и го усвојуваме со документот кој што денеска ќе го одобриме, испорачувајќи Регионален Патоказ, кој се фокусира на подобрување на имплементирањето на постојните мерки за борба против корупција и нелегално финансирање, преточени во неколку приоритетни области, мапирајќи и разбирајќи ги идентификуваните недостатоци што ќе ги адресираме преку насочена акција, рече Оливер Спасовски министер за внатрешни работи.
–Северна Македонија има слна заложба во тој правец, токму борбата против корупцијата е една од клучните приоритети на оваа влада во овој мандат и е на врвот на приоритетите особено во 2021 година.-рече Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупција.
–Организираниот криминал и корупцијата долго време за жал беа синоним за секја држава во региоонот. Земјите од Западен Балкан се повеќе или помалку во иста или слична состојба со исти предизвици по однос на ова прашање. Затоа оваа иницијатива добива уште повеќе тежина“, истакна Бојан Маричиќ министер за правда.
Треба поголема отчетност при јавните набавки како и да има судски одлуки во однос на истите. Треба да се зајакнат мерките против корупцијата во јавните набавки, надзорот и мониторингот, да се намалат ризиците за корупција но и да се промовираат мерки за интегритет и професионалност на јавните службеници, повикаа европските амбасадори.
–Треба да бидеме фокусирани на целите, општите и специфичните, за да се справиме со овие предизвици коишто стојат на патот на просперитетот. Тие всушност овозможуваат организиран криминал, сиромаштија, ја поткопуваат демократијата. Ова треба да ни помогне да се оддржиме на добар пат и да имаме јасна насока каде и како треба да се движиме за да се справиме со предизвиците на корупцијата во јавните набавки, стекнување на незаконски имот, одговор на кривично-правниот систем и сл.-рече Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство.
–Преку овој процес јасно е дека се вложени големи заложби насекаде во регионот кога станува збор за имплементирање на меѓународни конвенции и стандарди кои се однесуваат на антикорупција, на меѓународна соработка.-вели Aлександре Шмит. Ветувам дека овај регионален патоказ против корупција и нелегалени финансии за Западен балкан ќе биде одлична основа за напредување како и спроведување на мерки против корупцијата и против перењето пари, регионален претставник на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC)
–Јавните набавки бараат определени правила и норми коишто треба да се почитуваат со цел да се постигне отчетност на јавните финансии. Ова бара и конкурентност и зголемување на ефикасноста за користењето на јавните средства па на таков начин и зголемување на можностите за посилен економски развој Спречувањето на корупцијата во јавните набавки е една од главните приоритети при процесот на пристапување кон Европската Унија на Западниот балкан, истакна Регионален советник за борба против корупција и поврат на имот за Западен Балкан, Вирџинија Абајо-Маркез.
Корупцијата и организираниот криминал секогаш биле синоним особено за земјите од Западен Балкан, долгогодишен општествен системски проблем за чие решавање е потребно време. Корупција има и во институциите на прогонот и судовите. Потпишувањето на патоказот за борба против корупцијата е политичка декларација за идните антикорупциски иницијативи.
Новинар Соња Рилковска