Во Охрид во тек е кампањата „ Го сакам градот безбеден“
Во Охрид во тек е кампањата „ Го сакам градот безбеден“. Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот, локалната самоуправа и полицијата заедно спроведуваат еднонеделна кампања за сите учесници во сообраќајот. Целта е подигање на свеста кај сите да дадат придонес за мирно лето без сообраќајни несреќи.
Во тек е кампањата „ Го сакам градот безбеден“. Во нејзиното спроведување се вклучени Општинскиот совет за безбедност, локалната самоуправа и полицијата. Проектот има за цел да се подигне севкупната безбедност во сообраќајот , а пораки се испраќаат до сите учесници во сообраќајот, информира Стефан Димоски претседател на Општинскиот совет за безбедност. Реализацијата на слични кампањи во минатото давале ефекти кој биле упатувани до учесниците во сообраќајот како на пример за користење на заштитни кациги,кажува Димоски.
„Ефектите од оваа кампања се позитивни. Зголем е бројот на моторциклисти кои ја користат кацигата. Имаме намален број на сообраќајни незгоди каде учествувале моторциклисти и во изминатите години за среќа нема жртви моторџии кои биле учесници во сообраќајот“, вели Димоски.
Со кампањата ќе се влијае на сите учесници во сообраќајот да не употребуваат мобилни апарати додека возат или учествуваат во сообраќајот како пешаци, подвлекува Димоски.
„ Нашата анализа покажа дека е значен бројот на возачите кои користат мобилен разговараат, пишуваат пораки. Тоа е значајно да се потенцира и да се каже дека полицијата контролира и презема репресивни мерки “, информира Димоски.
Во текот на целата недела ќе тече националата кампања во Охрид , а потоа ќе продолжи и во другите македонски градови. Додека трае кампањата ќе се делат флаери заедно со претставници од мото и велосипедските клубови. Денес децата од охридските градинки беа дел од кампањата со едукативна сообраќајна програма. Во саботата кампањата стартуваше со пораката „Дојди на точак во 10“ со која граѓаните се потикнуваат да го користат велосипедот како превозно средство.