Во Охрид зголемен бројот на сообраќајните несреќи, младите се едуцираат
Во Охрид зголемен бројот на сообраќајните несреќи , младите се едуцират.
Годината која изминува на територијата на општина Охрид ќе биде запаметена како година во која има пораст на сообраќајни несреќи. За да се намали ваквиот црн тренд на сообраќајки со тешки последици по животот на учесниците во сообраќајот се презема едукативна кампања која започнува од средните училишта.
Кампањата ја спроведува Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, а претседателот на овој совет Цане Георгиески ги наведува најчестите причини за несреќите.
„ Факторите брзина на движење, влијанието на алкохолот и наркотиците, како основни според анализите. Но, не значи дека причините не се и други факторои како што се престигнување и непочитување на правилото првенство на минување. Сепак, клучни според согледувањата и анализите на Советот се претходните три фактори и од тие причини акцентот е ставен на нив. Но, не значи дека нема да ги обработиме и другите фактори кои се причини за сообраќајните несреќи.“
Општинскиот совет ја започна камапњата од средното училиште ЕМУЦ Св. Наум Охридски. Со оглед на тоа дека со навршени 16 години може да се полага возачки испит и средношколците се почесто се наоѓаат зад воланите па токму поради тоа се и целна група. Јане Цаноски, директор на средношколскиот центар ја поздравува ваквата кампања.
„ Целта е да се подигне свеста кај учениците за безбедноста во сообраќајот во пред новогодишните празници. Оваа кампања е полн погодок за младите.“
Во кампањата насловена како „Безбедноста во сообраќајот и влијанијата на алкохолот и дрогата“, покрај учениците ќе бидат вклучени и наставниците и Советите на родители. Утре кампањата продолжува во охридската гимназија.
{loadposition content9}