Изминатите денови ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид беше домаќин на дел од активностите на Летна Школа за Архитектура (2025) со студенти и тутори од Словенија. Учесниците кои беа дел од истата беа придружувани од професорот по историја Михаил Патчев.

-Активностите, кои се одржуваа на повеќе локации низ Охрид, започнаа со организирана групна посета на Гимназијата во присуство на нашиот професор Михаил Патчев, кој ги запозна гостите со историјата и актуелната состојба на училиштето. Исто така, околу идните планови за реобнова на нашата Гимназија беа запознати од страна на директорката Светлана Велкоска. Во пријатна атмосфера, во просториите на училиштето беше одржано јавно предавање од словенечките тутори, отворено за ученици, наставници и гости., се вели во соопштението од охридската гимназија.

Настанот беше заокружен со неформална дружба со музика и освежување во дворот на гимназијата – момент на поврзување, размена и инспирација за сите учесници.
