Во охридската поддружница на Македонски шуми има доволно огревно дрво
За претстојната грејна сезона во охридската поддружница на Македонски шуми има доволно огревно дрво. На располaгање има огревно дрво по непроменети цени за сите категории купувачи велат од таму. Традицонално најбарано огревно дрво во охридско струшкиот регион е дабот
Во охридското стовариште има доволни количини огревно дрво, велат од поддружницата на ЈП „Македонски шуми“. Охриѓани кои зимава ќе се греат на дрва имаат на располагање доволно количини на дабово и буково огревно дрво, информира Нада Митреска директор на ЈП Македонски шуми , поддружница Охрид.
„ До почетокот на грејнaта сезона целосно ќе одговориме на нашите обврски кон синдикатите и пензионерите. Има доволно дрва и за нови порачки. Перманентно се носат огревни дрва согласно склучените договори. Дел од населението кое сеуште не одлучило дали ќе користи греење со огрев дрво може да се обрати до складиштето на ул. 15 Корпус каде што има доволно дрва на располагање“, информира Митреска.
Снабдувањето со огревно дрво тече непречено, а има дрва за сите категории купувачи. Во охридско струшкиот регион за греење традиционално се бара дабовото дрво, напоменува Митреска.
„ Потрошувачката е индивидуална, Зависи од неклку гфактори од искуството, од грејното тело од желбата кој што сака да користи за огрев. Традиционално се користи дабот, но се користи и буковото дрво“, кажува Митреска.
Цената на огревното дрво е непроменета. На пазарот се тргува за еден кубик дабово дрво по цена од 2453 денари, а еден метар кубен бука се продава по 2371 денари . Покрај овие два вида огревно дрво има и друга категорија за која за еден кубик купувачите треба да се издвојат 1860 денари.